Во јули ќе почне модернизацијата на трите термоблокови на РЕК Битола. По тој повод Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) се задолжи кај Стопанска Банка АД Скопје со кредит од 30 милиони евра. Во овој проект учествува и ЕЛЕМ со свои средства во висина од 25,9 милиони евра. Потписниците на договорот: директорите на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, на Стопанска Банка, Глигор Бишев, и вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, сметаат дека од овој проект придобивки имаат трите страни. Со оваа инвестиција ќе се овозможи зголемување на сигурноста и стабилноста на енергетскиот систем и ќе се зголеми производството на електрична енергија. Оваа инвестиција е прва од ваков вид. Се надевам дека покрај Стопанска банка и другите банки ќе продолжат со финансирање на други проекти што ќе придонесат за развој на енергетскиот сектор на Македонија, како и за ЕЛЕМ, така и за економскиот развој на земјата.
Во јули ќе почне модернизацијата на трите термоблокови на РЕК Битола.
По тој повод Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) се задолжи кај Стопанска Банка АД Скопје со кредит од 30 милиони евра. Во овој проект учествува и ЕЛЕМ со свои средства во висина од 25,9 милиони евра. Потписниците на договорот: директорите на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, на Стопанска Банка, Глигор Бишев, и вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, сметаат дека од овој проект придобивки имаат трите страни.
- Со оваа инвестиција ќе се овозможи зголемување на сигурноста и стабилноста на енергетскиот систем и ќе се зголеми производството на електрична енергија. Оваа инвестиција е прва од ваков вид. Се надевам дека покрај Стопанска банка и другите банки ќе продолжат со финансирање на други проекти што ќе придонесат за развој на енергетскиот сектор на Македонија, како и за ЕЛЕМ, така и за економскиот развој на земјата - рече Ставрески.
Ревитализацијата на блоковите ќе се одвива етапно. Почнува во јули со првиот блок, кој треба да биде обновен до октомври годинава. Наредните две години ќе бидат ревитализирани и останатите два блока, односно целиот проект ќе заврши во 2012 година. Со модернизацијата се зголемува работниот век на РЕК Битола за уште 20 години нормална работа на трите блока.
-Со ова максимално се искористуваат и количините на јаглен што ги имаме во рудниците во битолскиот регион. Овој проект ќе резултира и со зголемување на инсталираната моќност на секој од трите агрегати на ТЕЦ Битола од дополнителни 8,32 мегавати по блок, а сето ова значи зголемување на производството на електричната енергија од 160 до 200 гигават-часа на годишно ниво без притоа да се зголеми потрошувачката на јаглен - изјави Чинговски.
Според директорот на Стопанска Банка, Глигор Бишев, учеството во овој значаен проект го обезбедиле на тендер на кој понудиле најдобри банкарски услуги.
-Со ова уште еднаш ја потврдивме својата сигурност, стабилност и капитална моќ. Се работи за кредит со рок на отплата од 14 години, со вклучен тригодишен грејс-период и варијабилна каматна стапка која моментно изнесува 5,16 проценти, врзана со ЕУРОЛИБОР - рече Бишев.
Евентуалното зголемување на цената на струјата заради задолжувањето, како што појасни Чингоски, зависи од Регулаторнара комисија за енергетика, до која ЕЛЕМ на крајот на годината согласно новиот Правилник за цени ќе ги достави трошоците за производство и инвестициските активности.